Бременостa и Вашите килограми!
Колку килограми е нормално да качите во тек на бременоста?
Колку и да сакате, нема како да се поправите само онолку колку што тежи бебето. Подгответе се за цифри меѓу 11-14 кг, а ако носите близначиња 18-20 кг.
Најбавно е качувањето на килограми во првите месеци, во првиот триместар ќе се поправите едвај 2-3 кг, потоа следи покачување на телесната маса со 1-2 кг на месец, а во последниот триместар околу 3-4 кг на месец.
Бременоста во цифри
- бебето 3-3,5 кг
- плацентата 0,7- 1 кг
- околуплодова вода 0,8 кг
- матка 0,9 кг
- дополнителна количина на крв 1,2 кг
- дополнителна количина на течности 1,2 кг
- масно ткиво 4 кг
