Како до здрава бременост?
- Овошјето и зеленчукот нека бидат најмалку 50% од Вашата дневна диета.
- Читајте ги состојките на храната што ја купувате. Избегнувајте продукти со повеќе од пет состојки или такви што содржат конзерванси – Вашето бебе нема потреба од нив.
- Движете се секој ден – секојдневни прошетки или јога се многу полезни за Вас
- Избегнувајте тешки и мрсни меса – јадете пилешко, телешко, риба
- Консумирајте вода, а воедно избегнувајте слатки чаеви, алкохол. Ако едноставно имате потреба од ароматен напитoк ние имаме еден предлог за вас – во чаша од 200 мл ставете 1/5 свежо исцеден сок од портокал и додатете вода.
- Заменето го лебот, пастата, чипсот, крекерите со продукти што содржат фибри – тие ќе му помогнат на вашиот метаболизам.
- Заборавете на цигарите – јаглеродниот моноксид што го вдишувате ја преминува лесно плацентарната бариера и директно оди во крвта на вашето бебе.
- Јадете почесто, но помали порции – така ќе ги избегнете симптомите на мачнина, гадење, повраќање.
- Внимавајте со кафето – големите дози на кофеин водат до вазоконстрикција (стеснување на крвните садови), а тоа води до нарушена циркулација во плацентата.
- Не земајте лекови во текот на бременоста, освен ако не се препишани од вашиот лекар.