Што е ХПВ (Хуман Папилома Вирус)?

HPV е најчестата сексуално пренослива вирусна инфекција. HPV вирусот е причинител на CIN промените, кои можат, но не мора да значи, да поминат во цервикален карцином.

Што е CIN?

Cervical intraepithelial neoplasia,  терминот „neo“ означува нешто ново додека терминот „plasia“ значи раст. Цервикалната инраепителијарна неоплазија означува абнормален раст на цервикалните клетки, а се нарекува уште и цервикална дисплазија.

CIN не е карцином!

Класифициран е во 3 степени: CIN 1 (дисплазија од низок степен), CIN 2(дисплазија од среден степен) и CIN 3(дисплазија од висок степен).
Ова заболување припаѓа на групата сексуално преносливи болести или STD (Sexually Transmitted Diseases)а го причинуваат одредени подтипови на генителен вирус наречен Human papiloma virus или HPV. Појавата на заболувањето ја фаворизираат дополнителни егзогени фактори како пушење цигари, недостаток на фолна киселина во исхраната. Заболуваат најчесто девојки на возраст од 25-35 години но не е поштедена ни останатата популација.
Надворешниот дел на грлото на матката и вагината се препокриени со повеке слоеви на клетки наречени плочести клетки или плочест епител. Нормално, на дното на овие слоеви се наоѓаат млади, овални клетки. Како клетките созреваат се искачуваат во погорните слоеви на слузницата и стануваат плочести. Ваквите слоеви на клетки се одвоени од подлабоките структури со таканаречена базална мембрана која има исклучителна важност при одредување на степенот на промената.

Како се дијагостицира?

HPV и CIN промените се откриваат со Пап тест. Меѓутоа пап тестот е само скрининг метода, така да конечната дијагноза се поствавува со колпоскопија (метода со која се набљудува грлото на матката) и биопсија (безболно земање на многу мали примероци од грлото на матката). Доколку со овие методи се докаже присуство на HPV , пожелно е да се направи и типизација на вирусот, односно да се покаже за кој подтип на вирус станува збор како би се предвидел евентуалниот развиј на заболувањето.

Симптоми на HPV

Повеќето луѓе кои се заразени со HPV не знаат дека го имаат вирусот. HPV вирусот во 90% од случаите не покажува симптоми. Меѓутоа одредени подтипови на HPV вирусот можат да предизвикаат појава на генитални брадавици кај мажи или жени. Други типови можат да предизвикаат и различни видови на канцер.

HPV и CIN

CIN промените се тесно поврзани со вирусот на HPV, односно HPV вирусот е причинител на CIN промените. Постојат повеќе од 130 подтипови на овој вирус ,поделени во групи според својата агресивност. Носители на групата на високоризични вируси се HPV 16 и HPV 18. Секако, постојат и други високоризични подтипови.

Дали и зошто да се лекува?

Иако CIN не е карцином, може да се равие во него. Дисплазијата од незок степен односно CIN 1 понекогаш може спонтано да се повлече без третман. Во сите западноевропски држави пракса е превентивен третман на HPV промени на грло на матка. Не постои метод со кој би се предвидело која CIN1 промена ќе се повлече а која ќе напредува кон CIN 2 или евентуално карцином. Секако, подтипот на HPV, имуниот систем на организмот,пушењето и други надворешни фактори влијаат на исходот. Поради тоа што вирусот се наоѓа во самите клетки, со нивно отсранување се отстранува и самиот вирус односно не останува понатаму во организмот.

Како се лекува CIN?

Постојат неколку начини на лекување. Кој начин треба да се одбере зависи од стадиумот на промената, возраста на жената, присуство на други гинеколошки проблеми и слично. Искуството на докторот и достапноста на адекватна опрема се од големо значење.

Најчесо користени методи се:

  1. Ласерски третман. Супериорен и најупотребуван начин на лекување на CIN промени.Со тенок ласерски зрак се отстрануваат сите заболени клетки. Предности: краткотрајна и безболна интервенција,најкратко време на заздравување, бидејќи не го отстранува грлото на матката се препорачува кај жени кои се уште не родиле. Процент на успешно лекување над 95%. Недостатоци: скапа опрема
  2. Криотерапија или смрзнување. Со сонда се замрзнува грлото на матката на температура под нула. Оштетените клетки отпаѓаат преку обилна секреција наредните 30-45 дена. Предности: лесна метода. Недостатоци: повеќе третмани,обилна секрација
  3. Loop ексцизија. Со тенка жичена јамка под дејство на електрична енергија се отстранува дел од грлото на матката. Предности: Методата истовремено е и дијагностичка и терапевтска.Недостатоци: Ограничена употребливост
  4. Конизација. Како што кажува и самото име конизација е отсранување на дел од грлото на матката во форма на конус. Операцијата се изведува под општа анестезија. Предности: се користи и за лекување на carcinoma in situ. Недостатоци: поголем процент на компликации,можност за компликации при бременост поради скратување на грлото на матката
  5. Хистеректомија. Оперативно отстранување на целата матка. Методата се употребува при високи стадиуми на заболувањето.

Дали се потребни контроли после третманот?

Дефинитивно ДА!

Поради можноста од повторување на промените, апсолутно се потребни контроли после третманот. Обично се потребни пап тестови на секои 3 месеци во првата година, потоа на секои 6 месеци.

Дали и партнерот треба да се лекува?

HPV е сексуално преносливо заболување. И кај партнерот треба да се провери присуство на HPV. Со едноставно премачкување на пенисот со раствор на оцетна киселина можат да се откријат сите евентуални промени кај партнерот.

Напиши блог